Склеротерапија

I СКЛЕРОТЕРАПИЈА СО ПЕНА


ШТО Е ТОА СКЛЕРОТЕРАПИЈА?

Склеротерапија е погоден вид на лекување за капиларите (ретикуларни вени и вени во вид на пајакова мрежа) и за лекување на помали проширени вени (слика). Тоа вообичаено се користи за лекување на капилари коишто се видливи со голо око, но исто така може да се користи и за лекување на вени коишто се наоѓаат во подлабоките поткожни слоеви (ултразвучно водена склеротерапија).

Третманот се изведува така што во вената се инјектира склерозантно средство, што го иритира ѕидот на вената, а што доведува до спазам на крвниот сад и до трајното затворање. Растворот што се инјектира може да биде во течен облик или може да се инјектира во вид на пена. После склерозацијата, преку вената израснува фиброзно ткиво. За самата интервенција не è потребна анестезија и хоспитализација, а после процедурата пациентот веднаш им се враќа на редовните животни и работни обврски.  

skleroterapija

Во текот на третманот, склерозантното средство се инјектира директно во вената со помош на многу мала игла. Количина и концентрација на склерозантниот раствор зависи од дијаметарот и распространетоста на изменетите вени. Целта на процедурата е предизвикување промена во третираниот крвен сад, без оштетување на околните структури.

УЛТРАЗВУЧНО ВОДЕНА СКЛЕРОТЕРАПИЈА СО ПЕНА (УГФС/UGFS ИЛИ УГС/UGS)

Овој вид склеротерапија може да се користи за третман на вените коишто се подлабоко поставени и коишто не се видливи со голо око. Преку ултразвук се следи иглата која влегува во вената и самиот тек на движењето на склерозантното средство.

….A после склеротерапија?

Потребно е носење компресивни чорапи две недели по интервенцијата. Вообичаено се потребни повеќе третмани (два до три), за сите промени да можат да се отстранат. Третманите се повторуваат во распон од четири до шест недели.

ДАЛИ ПОСТОЈАТ КОМПЛИКАЦИИ?

Најчести компликации после склеротерапијата се модринки и хиперпигментации. Модринките вообичаено се повлекуваат после две до три недели. Промените како што се пигментација, вклучувајќи и кафеава хиперпигментација и „матинг/matting“ (нови црвени капилари во третираниот дел), можат да траат со месеци, но во повеќето случаи се од минлив карактер. Пациентите најчесто чувствуваат чешање, помалку печење на местото на убодот, но и тоа е од минлив карактер.

Ендовенски ласерски третман

МЕДИЦИНСКИ ЛЕПАК

ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА КАПИЛАРИ И ПРОШИРЕНИ ВЕНИ

СКЛЕРОТЕРАПИЈА

I СКЛЕРОТЕРАПИЈА СО ПЕНА

Центарот е основан од страна на васкуларниот хирург д-р Дарио Јоциќ по долгогодишно искуство и од желба на пациентите од овој дел на Европа да им ги овозможи сите светски, современи, минимално инвазивни методи на лекување на проширените вени.

КЛИНИКА


Трешњиног цвета 1ж 
Нов Белград, Србија

+381 66 488 800

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ИНСТАГРАМ


@dr.jocic.lecenje.vena


Website by mzlaki-logo Studio Mzlaki