Радиофреквентен третман
Отстранување на капиларите со радиофреквентен третман è современ метод што користи термокоагулација за безбедно и ефикасно третирање на капиларите од кој било дел од телото. Методот е развиен од страна на васкуларни хирурзи за лекување на малите вени – капилари, кои не можат да се лекуваат со склеротерапија. Радиофреквентен третман, исто така, може да се користи за отстранување на вените кои се наоѓаат на местата што се тешки за третман, вклучувајќи ги лицето, зглобовите и колената. Отстранување на капиларите подразбира термокоагулација што моментално го затвора крвниот сад. За процедурата се потребни 15-30 минути.
Сите возрасни лица со добро општо здравје со проширени капилари и со желба за брза процедура, без губење време. Радиофреквентен третман è идеален за третирање на проширените капилари каде и да се појават, вклучувајќи и подрачја за кои другите третмани не се погодни.
Подрачја што можат да бидат третирани:
Радиофреквентен третман не се препорачува на:
После чистењето на местото на убод, се користи мошне тенка игла со која се затвораат малите крвни садови. После тоа, капиларите ќе бидат затворени и брзо ќе исчезнат. Процедурата просечно трае околу 30 минути и не е потребно да се носат еластични чорапи. Бидејќи во радиофреквентниот третман се користат мошне тенки игли, повеќето од пациентите не чувствуваат никаква болка. Многу ретко тоа може да биде чувство слично како благо штипење. На голем број од пациентите им е доволен само еден третман, а на помал број 2-3 третмани за постигнување оптимален резултат.
После оваа процедура не е потребно закрепнување, бидејќи не е потребно да се носат еластични чорапи, поради што пациентите веднаш можат да им се вратат на своите секојдневни активности, вклучувајќи и да одат на работа.
После примената на радиофреквентен третман, промените се уочливи веднаш после процедурата, а особено во наредни неколку дена. Радиофреквентниот третман дава траен резултат.
Најважните предности се дека процедурата è помалку болна и дека не остануваат модринки. Покрај тоа, таа дава можност за третирање на подрачјата како што се колена, глуждови и лице, поради високиот степен на безбедност.