Медицински лепак – ВенаСил (VenaSeal)

ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА КАПИЛАРИ И ПРОШИРЕНИ ВЕНИ


Целта на лекување на вените е да се запре повратен тек на крвта, а лекување на оваа болест со затварање или отстранување на заболените вени подразбира насочување на крвта до соседните, здравите вени. Тоа се постигнува со најсовремен третман што во Србија се користи од 2018 година. Станува збор за медицински лепак, којшто се класифицира како во минимално инвазивен метод на лекување. После оваа интервенција, пациентот веднаш им се враќа на редовните активности и не е потребно да носи еластични чорапи. Д-р Дарио Јоциќ е прв васкуларен хирург кој оваа метода ја изведе во Србија во март 2018 година.

Медицинскиот лепак го издржа тестот на времето, бидејќи веќе со децении се користи во различни области од медицината и сосема è безбеден за пациентот. Самата интервенција подразбира користење на мала количина на специјално формулиран медицински лепак, којшто се аплицира врз заболената вена. На тој начин, лепакот ја затвара болната вена и крвта се пренасочува кон соседните здрави вени. Овој единствен пристап го елиминира ризикот од повреда на нервите при интервенцијата, што го издвојува од сите останати третмани на лекување на проширените вени.

Обемни клинички студии покажале успешност во 98,9 проценти од случаите. Несаканите ефекти се мошне ретки и подразбираат исти симптоми како и кај другите третмани на лекување на оваа болест во далеку помала мерка. Овој пристап во лекувањето во Европа се применува во последните неколку години, а д-р Јоциќ е прв и единствен експерт од регионот кој пациентите ги лекува со оваа минимално инвазивна метода.

Mlepak1
Mlepak2
Mlepak3
Mlepak4

КАКО ИЗГЛЕДА ПОСТАПКАТА НА ИНТЕРВЕНЦИЈА?

Со ултразвучен преглед на ногата се проценува болната површина на вената и планирање на самата процедура, а во текот на целата интервенција, лекар преку ултразвук го следи текот на самата постапка. Самата интервенција се врши во локална анестезија, во доза потребна за отстранување на помала бемка. После давањето на анестезијата, лекар на одбележено место вметнува катетер, преку кој подоцна се аплицира медицинскиот лепак. При поставувањето на катетер, пациентите можат да почувствуваат благ притисок, додека постапката на самата интервенција е безболна. После третманот, на местото на убодот се става фластер. Самата интервенција трае околу 30 минути.

ШТО ПОДРАЗБИРА ПЕРИОД НА ЗАКРЕПНУВАЊЕ?

После интервенцијата, пациентот станува и оди. Симптомите на проширените вени можат да исчезнат многу брзо по интервенцијата, односно по затворањето на заболената вена. После интервенцијата можат да се појават помали модринки. Предноста на третманот со медицински лепак е во тоа што пациентот веднаш им се враќа на нормалните активности.

КОМУ ТРЕТМАНОТ МУ Е НАМЕНЕТ?

На сите пациенти што имаат проблем со проширените вени и капилари и во различни фази на болеста. Исто така, овој третман им се препорачува на пациентите кои имаат венски рани што тешко или речиси воопшто не заздравуваат. После примената на медицински лепак и оваа група пациенти релативно брзо може да им се врати на тие активности што не можеле да ги вршат во период на венска инсуфициенција.

Погоден е и за постари пациенти, а исто така è возможно да се интервенира и кај пациенти со напредната венска болест.

Ендовенски ласерски третман

МЕДИЦИНСКИ ЛЕПАК

ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА КАПИЛАРИ И ПРОШИРЕНИ ВЕНИ

СКЛЕРОТЕРАПИЈА

I СКЛЕРОТЕРАПИЈА СО ПЕНА

Центарот е основан од страна на васкуларниот хирург д-р Дарио Јоциќ по долгогодишно искуство и од желба на пациентите од овој дел на Европа да им ги овозможи сите светски, современи, минимално инвазивни методи на лекување на проширените вени.

КЛИНИКА


Трешњиног цвета 1ж 
Нов Белград, Србија

+381 66 488 800

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ИНСТАГРАМ


@dr.jocic.lecenje.vena


Website by mzlaki-logo Studio Mzlaki