Капиларите (Spider veins) се лесно видливи преку кожата и вообичаено се појавуваат на нозете и лицето. Како и кај класичните проширени вени, појавување на капиларите малку почесто се јавува кај жените, поради хормонското влијание на бременоста, пубертетот и менопаузата. Меѓутоа, појавување на капиларите најчесто не è проследено со тегоби и болки, па овој проблем пациентите најчесто го доживуваат како естетски.
Капиларите се вообичаено уочливи како црвени, виолетови или сини промени на кожата и можат да изгледаат како гранки од дрво или да имаат облик на пајакова мрежа. За разлика од проширените вени, тие обично се во ниво на кожата, односно не предизвикуваат нерамнини на кожата. Симптомите, што можат да се појават кај пациентите кои имаат проблем со капиларите, се уморни и тешки нозе, пулсирање, грчење, отекување и чешање. Тегобите најчесто се јавуваат после долго седење или стоење, а исчезнуваат после период на одмор.
Д-р Дарио Јоциќ користи најсовремена опрема за лекување и отстранување на капиларите. На пациентите во Србија им е достапен најсовремен ласер за отстранување на капилари од ВејнВјуер (VeinViewer) технологија, која му овозможува на хирургот пред, во текот на и после процедурата да ги одбегне сите потенцијални компликации до кои може да се дојде во текот на операцијата. Комбинација на ВејнВјуер (VeinViewer) технологијата и ласерскиот неинвазивен метод им овозможува на пациентите безболно закрепнување и брзо враќање на секојдневните активности.
Подрачја кои можат да бидат третирани:
Процедурата се изведува без анестезија и практично è безболна. Со помош на ВејнВјуер (VeinViewer) се идентифицира основната причина на проблемот и причина поради којашто капиларите се појавиле. После идентификацијата, капиларите се третираат со ласер.
По оваа процедура не е потребно закрепнување, бидејќи не таа не бара носење еластични чорапи, поради што пациентите веднаш можат да им се вратат на своите секојдневни активности, вклучувајќи и да одат на работа.
Веднаш по интервенцијата резултатите се видливи, но за полн резултат è потребно време. Најчесто è потребно да се извршат повеќе третмани, после кои се постигнува задоволителен резултат.