Ендовенски ласерски третман


Ендовенски ласерски третман (EVLA) è минимално инвазивна процедура за лекување на проширените вени. Влакно од ласерот се вметнува во главен површински венски крвен сад, што е причина за болни и непријатни „гроздови“ на проширените вени.

КАКОВ УЧИНОК ИМА ЛАСЕР?

Топлината која се ослободува на врвот од ласерската сонда (фототермички ефект) предизвикува промени внатре и во ѕидот на венскиот крвен сад, после што доаѓа до собирањето на вената. Краен исход е затворање на протокот преку третираниот дел на вената.

 evla

 КАКВИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ НА ЛЕКУВАЊЕТО?

Ласерското лекување на вените е една од најмладите и најсовремените методи за лекување на проширените вени. Во светската медицина се практикува повеќе од десет години, во текот на кои се покажала како мошне ефикасна (непроблематична по прашање компликации) и со многу мал процент на компликации, поради што станала мошне популарна ширум светот. Повеќе студии покажале дека во првата година успешноста на процедурата е околу 98 проценти.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ ПРЕД ЛАСЕРСКИОТ ТРЕТМАН?

Операцијата се изведува во локална анестезија, а веднаш по завршетокот пациентот може да оди и со препорака на лекар може да користи лекови против болки. После операцијата, во период од две недели, потребно е да се носат еластични чорапи преку ден. Во понатамошниот тек на закрепнувањето, се препорачува да се оди по 30 минути неколку пати дневно.

ТЕК НА ЛЕКУВАЊЕ СО ЛАСЕР

Пред операцијата è потребно да се направи ултразвучен преглед на долните екстремитети, со цел на кожата да се означат вените кои ќе бидат третирани. Потоа, потребно е целата нога да се дезинфицира и да се покрие со стерилни компреси. Потоа, пациентот прима локална анестезија, по што следува вметнување на сондата на ласерот во заболениот дел на вената. Потоа, под контрола на ултразвук, околу вената се инјектира раствор за интумесцентна-локална анестезија, за операцијата да биде сосема безболна. Тогаш започнува терапија со ласер, а самата процедура трае околу 30 до 45 минути.

ПРОПРАТНИ ПОЈАВИ ПОСЛЕ ЛЕКУВАЊЕТО СО ЛАСЕР

Модринки на кожата, мало отекување и чувство на напнатост или болка е нормална појава и вообичаено исчезнува после неколку дена. Самата процедура може да влијае врз нервите што се наоѓаат на локациите блиску до вените, но овие феномени се многу поретки отколку кај класичната операција на вените. Во овој случај, пациентите чувствуваат помала вкочанетост, скокоткање или некои други сензации. Во поедини случаи, можат да се појават болни лузни на кожата, келоиди. Други компликации, инфекции, емболии, тромбози се многу ретки. Повеќето од несаканите ефекти, како што се црвенило, болка во препона или бутина, се од минлив карактер и претставуваат резултат од топлотниот ефект на ласерот. Болката е најизразена 3-5 дена после операцијата, а сите наведени видови проблеми исчезнуваат неколку дена после интервенцијата. Во споредба со класичната операција на вените (стрипинг), наведените пропратни појави се минорни, односно просечна учестаност и обем на тие појави е многу помал, додека закрепнувањето е повеќе пати побрзо.

ПОТЕНЦИЈАЛНИ КОМПЛИКАЦИИ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПРЕДЛОЖЕНИОТ ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАН НА ВЕНИТЕ

Можни компликации се ограничени на хроничен тек на болеста, кој, ако не се лекува, ќе доведе до влошување на состојбата со тек на времето. Во понатамошниот ток на нелекуваната болест може да дојде до создавање тромб во вените на нозете, кои можат да се прошират и на длабокиот венски систем и на белите дробови, пукање на вените и крварење, создавање рани на нозете (венски улкуси). Најчесто, болеста на површинскиот венски систем може да напредува до отекување на скочниот зглоб и промени на кожата (дерматитис, екцем, отврднување на кожата …).

ЛЕКУВАЊЕ НА ВЕНИТЕ ВО ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ

Постои голема заблуда дека вените не се лекуваат во летните месеци, кога пациентите, исто така, имаат изразени тегоби. Благодарение на минимално инвазивна процедура, ласерското лекување на вените може да се врши во текот на цела година, па и во летните месеци.

Ендовенски ласерски третман

МЕДИЦИНСКИ ЛЕПАК

ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА КАПИЛАРИ И ПРОШИРЕНИ ВЕНИ

СКЛЕРОТЕРАПИЈА

I СКЛЕРОТЕРАПИЈА СО ПЕНА

Центарот е основан од страна на васкуларниот хирург д-р Дарио Јоциќ по долгогодишно искуство и од желба на пациентите од овој дел на Европа да им ги овозможи сите светски, современи, минимално инвазивни методи на лекување на проширените вени.

KLINIKA VARIS


Трешњиног цвета 1в
Нов Белград, Србија

+381 11 7704757

+381 11 7704758

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ИНСТАГРАМ


drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic


Website by mzlaki-logo Studio Mzlaki