Проширени вени


ШТО СЕ ТОА ПРОШИРЕНИ ВЕНИ?

Проширени вени претставуваат најчесто заболување на крвните садови на нозете. Болеста најчесто се појавува кога ќе се наруши правец на движењето на крвта. Артериите ја водат крвта од срцето кон периферните делови од телото, додеКа улогата на вените и нејзините залистоци è да ја враќаат крвта кон срцето. Нормално è венската крв, кај здравите луѓе, да протекува од површинските вени до длабоките, а потоа понатаму до срцето. Во случај на проширените вени (варикозитет), венските залистоци не можат да ја вршат оваа функција, односно не се затвараат правилно. Во овој случај, од длабоките вени крвта се враќа во површински венски систем. Поради тој повратен тек (рефлукс), венската крв се задржува во ногата, а како последица се јавува отекување на нозете, чувство на напнатост, болки... Болест на проширени вени è состојба која со години се влошува. Видливите „јазли“ на крвните садови (варикозитети) на нозете се последица на проширени поткожни вени. Тие не претставуваат само естетски проблем, туку се и причина за тегобите на пациентите.

Видливите „јазли“ на крвните садови (варикозитети) на нозете се последица на проширени поткожни вени. Тие не претставуваат само естетски проблем, туку се и причина за тегобите на пациентите.

p venemk

ЗОШТО СЕ ПОЈАВУВА БОЛЕСТА НА ПРОШИРЕНИТЕ ВЕНИ?

Наследниот фактор è важен во појавувањето на оваа болест. Околу 50% од популацијата има некаков проблем со вените. Последни студии покажале дека доколку двата родители имаат проширени вени, постои 80% шанси дека и нивните деца ќе имаат ист проблем. Животните навики, исто така, имаат голема улога во развивањето на проширените вени. Долго стоење или седење во текот на денот можат да влијаат врз појавата на проширените вени. Додека лошата исхрана и дебелината се најчести фактори ризик за појава на оваа болест.

Проширените вени почесто се јавуваат кај постара популација, но можат да се појават и на помлада животна возраст. Оваа болест е нешто повеќе застапена кај жените, отколку кај мажите. Хормонските промени во пубертетот, бременоста, менопаузата исто така имаат значај. Бременоста влијае врз покачување на нивото на хормоните, додека вкупниот обем на течностите во организмот се зголемува, а зголемената матка ги притиска венските крвни садови во малата карлица. Во повеќето случаи, 60-70%, проширени вени што се појавиле во текот на бременоста исчезнуваат неколку недели по породувањето.

venemk2

КОИ СЕ СИМПТОМИ НА БОЛЕСТА

Болеста, условно кажано, може да се подели во три фази.

Во првиот стадиум, пациентите вообичаено имаат тегоби во вид на повремени болки во нозете, грчеви, но без видливи вени или видливи тнр. капилари. Во оваа фаза со ултразвучен преглед вообичаено не се дијагностицира погрешен тек на движење на венската крв, туку лекувањето подразбира евентуално земање лекови (венотоници) и носење еластични компресивни чорапи.

Меѓутоа, веќе во наредниот степен на болеста, проширените вени се видливи, а со ултразвучен преглед, во голем број случаи, возможно è да се дијагностицира погрешен тек на движењето на крвта. Во оваа фаза, пациентите имаат болки, ноќни грчеви, чешање, чувство на немирни нозе... Во почеток, тегобите се повремени, подоцна стануваат почести и секојдневни. Во овој стадиум може да дојде до воспаление на површинските вени, односно до создавање тромб во венските јазли (тромбофлебитис), а оваа компликација од површинските вени може да се прошири и на длабоките вени. Симптоми на воспалението на длабоките вени не се манифестираат кај речиси 50 проценти од заболените а, со оглед на тоа дека потешко и подоцна се откриваат, и лекувањето е значително покомплексно. Најчестите симптоми на тромбофлебитис се чувство на тешки и уморни нозе по долготрајното одење или стоење. Потоа, доаѓа до појавување на болка и отекување, додека на површината на кожата може да се појави црвенило, а непосредно под кожата можат да се опипаат тврди промени, кои најчесто имаат тракаст облик. Присуството на тромбофлебитис понекогаш може да биде проследено со движење на тромбот кон белите дробови. Доколку во присуство на тромбофлебитис се покрене тромб, и доколку тој стигне до белите дробови, пациентот може да доживее состојба (белодробна емболија) во која è потенцијално животно загрозен. Овој облик на здравствен проблем значително почесто се јавува кај лица кај кои за тоа имаат изразена генетска предиспозиција.

Последна, но не и толку ретка фаза è хронична венска инсуфициенција, кога доаѓа до отекување и кожни промени на потколеници во вид на кафеави или црни дамки и црвенило. Најсериозен степен на венската болест е појавување на венски рани (улкус). Причина за оваа состојба е слабоста на поврзното ткиво во вените на нозете, но може да претставува и последица на занемарување и неадекватно третирање на болеста на проширените вени. Кога ќе се појави првата венска рана, таа најчесто зараснува во период од месец дена до три месеци. Секое наредно појавување на венските рани подразбира значително поспоро зараснување, додека на крај не се додје до стадиум кога не постои можност за зараснување. Доколку оваа состојба не се лекува, може да доведе до сериозни компликации и до животно загрозувачка состојба.

ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ДА ГО СОПРАМ ПОЈАВУВАЊЕТО НА БОЛЕСТА?

Одењето è добар пријател на вените, бидејќи им помага со мускулната пумпа да ја вратат крвта во срцето. Носење еластични чорапи може да помогне пред појавување на самата болест. Меѓутоа, многу работи, кои доведуваат до проширени вени, не можат да се избегнат. Силен наследен фактор или долго стоење или седење на работното место се водечки причини за појавување на болеста. Користење различни креми и препарати за лекување на проширените вени, исто така, не може да ја сопре појавата на болеста, туку само правовремено и адекватно лекување може да придонесе естетските и функционалните резултати да бидат подобри.

ЛЕКУВАЊЕ НА ПРОШИРЕНИТЕ ВЕНИ

Кога болеста се појави, можните видови на лекување се:

    • Ласерска операција на вените
    • Радиофреквентен третман
    • Терапија со медицински лепак – вена сил систем (vena seal system)
    • Ултразвучно водена склеротерапија со пена

 


Центарот е основан од страна на васкуларниот хирург д-р Дарио Јоциќ по долгогодишно искуство и од желба на пациентите од овој дел на Европа да им ги овозможи сите светски, современи, минимално инвазивни методи на лекување на проширените вени.

KLINIKA VARIS


Трешњиног цвета 1в
Нов Белград, Србија

+381 11 7704757

+381 11 7704758

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ИНСТАГРАМ


drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic


Website by mzlaki-logo Studio Mzlaki