Press


МЕДИЦИНСКИ ЛЕПАК – НАЈНОВИОТ МЕТОД ВО ЛЕКУВАЊЕ НА ПРОШИРЕНИТЕ ВЕНИ

 - Од 2018 година, во Србија е достапен и најнов неинвазивен метод на лекување на проширените вени со медицински лепак за вени, којшто покажал одлични резултати, како во однос на решавање на проблемот, така и во пост-оперативниот период. Овој метод прв пат е направен во 2011 година во Германија, а нешто подоцна е дојден и во западна Европа и САД. Тоа беше проект за мала група лекари, пред сè, за тие што се определени за третман на болести на проширените вени. Подоцна се направени повеќе научни студии, кои ја испитале ефикасноста на оваа процедура, така што тој лек има добиено и дозвола од Американската агенција за лекови и храна во 2015 година. Во овој дел на Европа, метод на решавање на проширените вени со медицински лепак за вени се применува во Србија, Унгарија и Словенија – објаснил д-р Јоциќ.

Статијата “Медицински лепак – најнов метод во лекување на проширените вени” на порталот “Стетоскоп” можете целосно да ја прочитате така што ќе кликнете на линк тука.

ПРЕВЕНЦИЈА И ПРАВОВРЕМЕНО ЛЕКУВАЊЕ НА ВЕНИТЕ

Кога станува збор за фазите на болеста на проширените вени, во првиот стадиум пациентите вообичаено имаат тегоби во вид на повремени болки во нозете, грчеви, но без видливи вени или тнр. 'капилари'. Во оваа фаза, со ултразвучен преглед вообичаено не се дијагностицира погрешен тек на движење на венската крв, туку лекувањето подразбира евентуално земање лекови (венотици) и носење еластични компресивни чорапи. Меѓутоа, веќе во наредниот степен на болеста проширените вени се видливи, а со ултразвучен преглед, во голем број случаи е возможно да се дијагностицира погрешен тек на движењето на крвта.

- Кај најсериозниот степен на болеста на вените се јавуваат рани, кои се сè почести поради занемарувањето и неадекватното третирање на болеста. Кога ќе се појави прва голема рана, таа зараснува во период од месец дена до три месеци. Речиси секое наредно појавување на венските рани е проследено со значително поспоро зараснување, додека не се дојде до стадиум кога не постои можност за зараснување. Доколку оваа состојба не се лекува, може да дојде до сериозни компликации и до животно загрозувачка состојба – заклучил д-р Јоциќ.

Статијата “Превенција и правовремено лекување на вените” на порталот “Стетоскоп” можете целосно да ја прочитате така што ќе кликнете на линк тука.

 

СВЕТСКИОТ ДЕН НА СРЦЕТО

Д-р Дарио Јоциќ, васкуларен хирург од Институтот за кардиоваскуларни болести “Дедиње”, за Д-р Курир вели дека нашата популација е загрозена, поради високиот процент на тие што имаат прекумерна тежина, поради нивната физичка неактивност, а особено голем проблем претставува мошне многу пушачи.

– Мора да бидеме свесни дека повеќе од 50 проценти на смртта во светот е предизвикано од страна на некое заболување во врска со срцето. Моментално се наоѓаме на прво место по број на починатите од атеросклероза, тешко заболување на средни и големи мускулни артерии, а на второ место во Европа по број на смртните случаи предизвикани со шлог. Мошне е важно луѓето да разберат колкава опасност по нивно здравје постои и што порано да го променат стилот на животот – предупредува д-р Јоциќ.

Статијата во дневниот лист “Курир” по повод одбележување на светскиот ден на срцето во Србија можете целосно да ја прочитате така што ќе кликнете на линк тука.

КАКОВ УЧИНОК ИМА ЛАСЕР?

Топлината која се ослободува на врвот на ласерската сонда (фототермички ефект) предизвикува промени внатре и во ѕидот на венскиот крвен сад, после што доаѓа до собирање на вената. Крајна последица е затворање на протокот на крв преку третираниот дел на вената.

Статијата “Ласерот ги лекува проширените вени” на порталот “Естетика, хирургија & козметика” можете целосно да ја прочитате така што ќе кликнете на линк тука.

ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАН НА ПРОШИРЕНИТЕ ВЕНИ

Во нашата земја воведување на ендовенскиот ласерски третман (ЕВЛА /EVLA/) сè уште е на почеток, иако во светската медицина тоа се практикува веќе десеттина години.

Во тој период, овој метод се покажал како особено ефикасен (успешност на лекувањето од 98 проценти и повеќе) и непроблематичен по прашање компликации, поради што овој метод станал популарен низ целиот свет.

Топлината која се ослободува на врвот на ласерската сонда (фототермички ефект) предизвикува промени внатре и во ѕидот на венскиот крвен сад, по што доаѓа до собирање (слепување) на вената. Крајна последица е затворање на протокот на крв преку нејзиниот третиран дел.

Статијата “Ласерски третман на проширените вени” на магазин “Лиса” можете целосно да ја прочитате така што ќе кликнете на линк тука.

ЛАСЕР ЗА ВАШИТЕ НОЗЕ

Во терапијата на проширените вени д-р mr sci. med. Дарио Јоциќ препорачува чорапи за вени од светскиот лидер во производството на компресивни чорапи Сигварис (Sigvaris). Тие имаат врвен квалитет и модерен дизајн, ги исполнуваат сите барања на современите жена и маж. Ја стимулираат циркулацијата на крвта и го отклонуваат чувството на тешки и уморни нозе.

Статијата “Ласер за вашите нозе” на магазин “Глориа” во целост можете да ја прочитате така што ќе кликнете на линк тука.

ЛАСЕР НАМЕСТО СКАЛПЕЛ

– Постојат повеќе методи за лекување на проширените вени. Пред сè, се почнува со медикаменти, препарати со ацетил-салицилна киселина и препарати на диосмин. Во лекувањето се користат компресивните бандажи (еластични чорапи за вени) и класичната хируршка техника (стрипинг) со додатна флебектомија, односно отстранување на оние проширени вени што се гледаат како јазли на нозете. Проблемот може да се реши и со класична склеротерапија, склеротерапија со помош на пена и ендовенски процедури (радиофреквентна и ласерска аблација) – вели д-р Јоциќ.

Статијата “Ласер наместо скалпел” на магазин “Стил” можете целосно да ја прочитате така што ќе кликнете на линк тука.


Центарот е основан од страна на васкуларниот хирург д-р Дарио Јоциќ по долгогодишно искуство и од желба на пациентите од овој дел на Европа да им ги овозможи сите светски, современи, минимално инвазивни методи на лекување на проширените вени.

КЛИНИКА


Трешњиног цвета 1ж 
Нов Белград, Србија

+381 66 488 800

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ИНСТАГРАМ


@dr.jocic.lecenje.vena


Website by mzlaki-logo Studio Mzlaki