Венскиот систем и појавување на проширени вени

Основна улога на вените е да ја враќаат крвта од периферија на телото кон срцето. Кога се здрави, со помош на залистоци го совладуваат дејството на Земјината тежа, и овој процес се одвива без поголеми проблеми. До успорување на текот на крвта и нејзиното задржување во вените доаѓа кога залистоците се дегенеративно изменети, што со време создава проширувања, најчесто на нозете. Проширените вени почесто се јавуваат кај жените, но ни мажите не се поштедени од овие промени.

Улога на венскиот систем и процес на појавување на проширените вени

Основна улога на вените è да ја враќаат крвта од периферија на телото кон срцето. Кога се здрави, со помош на залистоци го совладуваат дејството на Земјината тежа, и овој процес се одвива без поголеми проблеми. До успорување на текот на крвта и нејзиното задржување во вените доаѓа кога залистоците се дегенеративно изменети, што со време создава проширувања, најчесто на нозете. Проширените вени почесто се јавуваат кај жените, но ни мажите не се поштедени од овие промени.

ПРОМЕНИ НА КРВНИТЕ САДОВИ НА НОЗЕТЕ

Во вените постојат механизми што ја потискуваат крвта и тие се нарекуваат залистоци. Тие сопираат крвта да се враќа надолу, во правец на гравитација. Вените функционираат така што кога и да мускулната пумпа ја потисне крвта кон срцето – до следниот залисток, тој ја сопира да се врати во спротивен правец. Ова е нормален пат на крвта. Кога вените од одредени причини ќе се променат или ќе заболат, доаѓа до отежнат транспорт на крвта и венската крв долго се задржува во нив. Варикозно изменети или „проширени” вени се широки, често кривудави проширувања на вените кои настануваат поради промените во ѕидот на венскиот крвен сад, како и поради пропаѓање на залистоците во вените. Крвта долго се задржува во најниските делови на нозете, па доаѓа до нивно отекување. Како кој залисток попушта, под кожата се оцртува мрежа на вените, кои стануваат очигледни. Ако поради така пореметениот тек дојде до тромбоза, се појавуваат нови проблеми – кои се манифестираат со црвенило, болка и отекување на таа регија. Крвта која се задржува е слабо преработена (нема хранливи материи, ниту кислород), па ткивото со време трпи одредени промени. Доаѓа до појава на потемна пигментација, дури и до отворени рани. Тие се венски улкуси, кои многу тешко зараснуваат.