Проширени вени и компресивна терапија

Проширени вени со здружените симптоми и компликации претставуваат најчесто заболување на крвните садови на нозете. Често почетните симптоми на оваа болест се занемаруваат или игнорираат, што подоцна доведува до сериозни компликации. Суштината на употреба на чорапи за вени е воспоставување притисок на системот на длабоките вени со што се надокнадува ослабена функција на ѕидот на крвниот сад и со тоа се поспешува крвоток, односно враќање на крвта во срцето.

Еластични чорапи со градуирана (опаѓачка) компресија делуваат по принцип на градуиран притисок, а тоа значи дека притисокот во нив е стриктно дефиниран и најсилен е во областа на глуждот и нагоре постепено опаѓа. Како резултат на таа компресија, заостаната крв полесно се враќа до срцето.

carape

Поради тоа превентивата и лекување на првите знаци на заболување е мошне важно. За носење превентивни чорапи (12-18mmHg) не е неопходна препорака од лекар. Лекар би задолжително требало да се консултира во посложени ситуации кога постои болка во ногата, отекувања, проширени вени, промени на кожата и сл. Чорапи за вени се носат во текот на цел ден и тие се ефикасни и кај благите и кај посериозните состојби на проширени вени. Денес чорапите за вени се достапни во различни големини, бои, дизајн и со четири степени на компресија. Должината на чорапата (доколенки, чорапи до препони, хулахопки...) и степенот на компресијата ги одредува исклучително лекар специјалист. Носење чорапи има смисла само доколку прецизно се земаат мерки според обем и должина, врз основ на кои се одредува големина на чорапите. Потоа, чорапите пробно му се облекуваат на пациентот и дури тогаш пациентот ги купува чорапите.

Доколку мерките се правилно одредени, ќе почувствувате моментално олеснување во текот на облекувањето. Исто така, постои можност за изработка на чорапи според мерка на купувачот, доколку димензиите на ногата не се стандардни. Чорапите се поставуваат на ногата исклучително во хоризонтална положба, најдобро во кревет додека вените се „празни„, а отекувањата минимални или ги нема. Се носат во тек на цел ден, додека лицето е на нозе и се симнуваат пред спиење.