Медицински лепак – најнов метод на лекување на проширените вени

Проширените вени се заболување на крвните садови, пред сè на долните екстремитети, кое опфаќа голем дел од популацијата. Нормално е вените да ја насочуваат крвта кон срцето, додека во ситуација на болест на вените доаѓа до погрешен смер на движењето на крвта, односно крвта се враќа кон нозете и од таа причина вените на тој дел од телото отекуваат и се прошируваат. Бидејќи венската крв се задржува во нозете, пациентите имаат тегоби во вид на болки, грчеви, чешање...

Инциденцата на венската болест е во покачување секаде во светот благодарејќи на начинот на животот што го водиме во смисла на долготрајно стоење на работното место и недостаток на физичка активност, како и поради други фактори на ризик што доведуваат до оваа болест. Значителна е инциденцата на венските заболувања, бидејќи речиси 70% од сите заболувања на крвните садови кај човек претставуваат токму болести на вените. Исто така, според некои статистики, дури 40% од популацијата во некој момент ќе има проблем поврзан со венската циркулација.

Повеќето од пациентите со венски заболувања не је разбираат сериозноста на оваа состојба, а неправилното лекување и лошите резултати придонесуваат кон значителна појава на инвалидитет, како и до чести отсуствувања од работа и невозможност да се вршат одредени професии. Иако жените се далеку поодговорни кон своето здравје, проширените вени се нешто што почесто се јавува токму кај нив, најчесто поради хормонските промени и бременоста, кога може да дојде до слабеење на венскиoт ѕид и до појава на проширените вени.

medicinski lepak

Третманот на венската болест доживеал драматични промени во последните 20 години, секако во корист на пациентите. Порано, интервенцијата се одложувала, на пациентите им се препорачувани медицински чорапи, гелови, лекови. Таков беше светскиот тренд. Доколку на пациентот му è предлагана интервенција, се вршеше класична операција на вените. Закрепнување по класичната операција на вените беше болно, така да оваа интервенција не е сосема омилена кај пациентите. Пред дваесеттина години, во медицината влегле минимално инвазивни методи на лекување, кои сосема го унапредиле третманот на лекување на проширените вени.

Секако, различни проблеми се јавуваат кај различни пациенти, па и самите пристапи кон лекувањето се поинакви. Постојат два основни пристапи кон лекувањето, а тоа се неоперативни и оперативни методи на решавање на овој здравствен проблем. Кога станува због за оперативни пристапи, како единствено решение на проблемот на проширените вени, најчесто се користат методи со ласер и класичната операција на вените. Период на закрепнувањето зависи од од пациент до пациент, но и од самиот третман и вклучува носење еластични чорапи. Заболените мораат да се движат, што за пациентите кои се оперирани со класичен метод претставува голем проблем, поради болките во нозете што се јавуваст после интервенцијата. Оперативните методи, кои подразбираат носење еластични чорапи како задолжителен пост-оперативен тек, не се омилени кај пациентите, поради тешкотиите при облекувањето.

Од 2018 година, во Србија е достапен и најнов неинвазивен метод на лекување на проширените вени со медицински лепак за вени, кој покажа одлични резултати, како од аспект на решавање на проблемот, така и во пост-оперативниот период. Овој метод прв пат е извршен во 2011 година во Германија, а нешто подоцна е дојден и во западна Европа и САД. Тоа беше пројект за мали групи на лекари, пред сè за тие што се определени за третман на болести на проширените вени. Подоцна, изработени се повеќе научни студии, кои ја испитале ефикасноста на оваа процедура, така тој лек доби и дозвола од Американската агенција за лекови и храна во 2015 година. Во овој дел на Европа, метод на решавање на проширените вени со медицински лепак за вени се применува во Србија, Унгарија и Словенија.

Mlepak1
Mlepak2
Mlepak3
Mlepak4

За изведување на оваа процедура е потребна локална анестезија, во количина која е потребна за отстранување на помала бемка. Под контрола на ултразвук, после давањето на локалната анестезија, во вената се вметнува катетер, преку кој се аплицира лепакот во вената. Потоа се става мал фластер преку местото на убод, пациентот станува, шета после интервенцијата и не носи еластични чорапи. Процедурата трае околу 30 до 40 минути, а пациентот веќе утредента може да им се врати на редовните активности. Кога станува збор за рецидиви, тие се возможни, но не се чести. Денес во современото лекување нѝ се достапни многу алатки за третман на проширените вени и на рецидивите на болеста, а секако еден од изборите е и лепак за вени.

Инаку, примена на медицинскиот лепак во различни области постои веќе подолго време. Успешно се употребува во ортопедија, неврохирургија, офталмологија, така што го издржа тестот на времето. Во смисла на безбедност и нешкодливост, за пациентот ова всушност претставува негова нова примена.

Постои заблуда во општата и во дел од стручната популација дека проширените вени се естетски проблем. Тоа, секако, не е точно, бидејќи тие се, пред сè, здравствен проблем и се појавуваат поради тоа што венската крв се движи во погрешен смер, а проширените вени се јавуаат како последица. Оваа болест доведува и до значително намалување на квалитет на животот на пациентите, бидејќи може да доведе до компликации во смисла на воспаленија, тромбози и појава на рани на нозете. Методата на лекување на проширените вени со медицински лепак е терапија на состојбата кога вените се помалку или повеќе проширени и не е наменета за решавање на естетски проблем. Секако, не треба да се занемари фактот дека естетскиот аспект на оваа процедура е мошне значаен. 

Извор: Стетоскоп