Основна улога на вените е да ја враќаат крвта од периферија на телото кон срцето. Кога се здрави, со помош на залистоци го совладуваат дејството на Земјината тежа, и овој процес се одвива без поголеми проблеми. До успорување на текот на крвта и нејзиното задржување во вените доаѓа кога залистоците се дегенеративно изменети, што со време создава проширувања, најчесто на нозете. Проширените вени почесто се јавуваат кај жените, но ни мажите не се поштедени од овие промени.
Проширени вени со здружените симптоми и компликации претставуваат најчесто заболување на крвните садови на нозете. Често почетните симптоми на оваа болест се занемаруваат или игнорираат, што подоцна доведува до сериозни компликации. Суштината на употреба на чорапи за вени е воспоставување притисок на системот на длабоките вени со што се надокнадува ослабена функција на ѕидот на крвниот сад и со тоа се поспешува крвоток, односно враќање на крвта во срцето.
Проширените вени се заболување на крвните садови, пред сè на долните екстремитети, кое опфаќа голем дел од популацијата. Нормално е вените да ја насочуваат крвта кон срцето, додека во ситуација на болест на вените доаѓа до погрешен смер на движењето на крвта, односно крвта се враќа кон нозете и од таа причина вените на тој дел од телото отекуваат и се прошируваат. Бидејќи венската крв се задржува во нозете, пациентите имаат тегоби во вид на болки, грчеви, чешање...
Ендовенски ласерски третман (ЕВЛА/EVLA) е мошне ефикасна, минимално инвазивна процедура за лекување на проширените вени. Таа е една од најсовремените методи за лекување на проширените вени, што во светската медицина се применува веќе многу години, во текот на кои се покажа како мошне ефикасна (успешноста на лекувањето е од 98% и повеќе) и непроблематична по прашање на компликации, поради што стана мошне популарна ширум светот.
Концепт на лекување на проширени вени во амбулантни услови, со ниски трошоци, резултира склеротерапијата да стане атрактивна опција, која станува сè попопуларна. Пронаоѓање метода на склеротерапија со пена овозможи да се намали концентрацијата и количина на склерозантно средство што се инјектира во вената со подобрена сигурност и подобри резултати во однос на класична склеротерапија.
Длабока венска тромбоза е создавање на тромб во вените каде било во организмот. По правило, се јавува кај постари лица, но може да се појави на која било животна возраст. Најчество ги фаќа нозете, поретко рацете, што е случај со лица која вршат физички активности, креваат или носат тешки товари. Загрозени се и тие што мораат да бидат во кревет поради болест, оперативни захвати, лица со малигни заболувања. Инфекции и воспаленија, исто така, го зголемуваат ризикот од тромбоза.
Центарот е основан од страна на васкуларниот хирург д-р Дарио Јоциќ по долгогодишно искуство и од желба на пациентите од овој дел на Европа да им ги овозможи сите светски, современи, минимално инвазивни методи на лекување на проширените вени.
Трешњиног цвета 1ж
Нов Белград, Србија
+381 66 488 800
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
@dr.jocic.lecenje.vena