Капилари


Капиларите или Спајдер вејнс (Spider veins) се видливи промени на површината на кожата и тие сигнализираат проблем со повратниот венски тек. Овој вид на проблеми најчесто се појавува на нозете и лицето.  

ШТО СЕ КАПИЛАРИ?

Капиларите вообичаено се уочливи како црвени, виолетови или сини промени на кожата и можат да изгледаат како гранки на дрво или да имаат облик на пајакова мрежа. За разлика од проширените вени, тие вообичаено се во ниво со кожата, односно не предизвикуваат нерамнини на кожата.

ЗОШТО ТИЕ СЕ ПОЈАВУВААТ?

Генетскиот фактор е доминантен кај појавата како на капиларите, така и на проширените вени. Истражувања покажале дека во 80 проценти на случаите децата во некој момент на животот ќе ја наследат оваа врста на проблемот од родителите кои имале проширени вени или капилари. Освен генетиката, значителна улога имаат и дебелината, физичка неактивност, прекумерно стоење или седење, поранешни операции на вените... Појавување на капиларите почесто се сретнува кај жените, поради хормонските промени во пубертетот, бременоста и менопаузата.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ?

Симптоми кои можат да се појават кај пациентите кои имаат проблем со капиларите се уморни и тешки нозе, пулсирање, грчење, отекување и чешање. Тегобите најчесто се јавуваат после долготрајно седење или стоење, а поминуваат после период на одмор. Во подоцнежна фаза на болеста може да дојде до промени на бојата на кожата на местата каде капиларите се видливи.

ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ДА ЈА СОПРАМ ПОЈАВАТА НА КАПИЛАРИТЕ?

Лесна физичка активност, пешачење, коригирање на телесната тежина и одбегнување на подолготрајно стоење или седење може да придонесе до подобра циркулација и да го потпомогне правилниот венски тек. Носење еластични чорапи може да помогне пред настанувањето на самата болест. Користење различни креми и препарати за лекување на проширените вени, исто така, не може да ја сопре појавата на болеста, туку само правовремено и адекватно лекување може да придонесе естетските и функционалните резултати да бидат подобри.

ЛЕКУВАЊЕ НА КАПИЛАРИТЕ:

Кога болеста се појави, можни видови лекувања се:

  • Ласерски третман
  • Радиофреквентен третман

Центарот е основан од страна на васкуларниот хирург д-р Дарио Јоциќ по долгогодишно искуство и од желба на пациентите од овој дел на Европа да им ги овозможи сите светски, современи, минимално инвазивни методи на лекување на проширените вени.

KLINIKA VARIS


Трешњиног цвета 1в
Нов Белград, Србија

+381 11 7704757

+381 11 7704758

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ИНСТАГРАМ


drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic


Website by mzlaki-logo Studio Mzlaki