Најново на блогот

  • Венскиот систем и појавување на проширени вени
  • Проширени вени и компресивна терапија
  • Медицински лепак – најнов метод на лекување на проширените вени
  • Ласер ги лекува проширените вени
  • Венскиот систем и појавување на проширени вени

    Основна улога на вените е да ја враќаат крвта од периферија на телото кон срцето. Кога се здрави, со помош на залистоци го совладуваат дејството на Земјината тежа, и овој процес се одвива без поголеми проблеми. До успорување на текот на крвта и нејзиното задржување во вените доаѓа кога залистоците се дегенеративно изменети, што со време создава проширувања, најчесто на нозете. Проширените вени почесто се јавуваат кај жените, но ни мажите не се поштедени од овие промени.

    Поопширно

  • Проширени вени и компресивна терапија

    Проширени вени со здружените симптоми и компликации претставуваат најчесто заболување на крвните садови на нозете. Често почетните симптоми на оваа болест се занемаруваат или игнорираат, што подоцна доведува до сериозни компликации. Суштината на употреба на чорапи за вени е воспоставување притисок на системот на длабоките вени со што се надокнадува ослабена функција на ѕидот на крвниот сад и со тоа се поспешува крвоток, односно враќање на крвта во срцето.

    Поопширно

  • Медицински лепак – најнов метод на лекување на проширените вени

    Проширените вени се заболување на крвните садови, пред сè на долните екстремитети, кое опфаќа голем дел од популацијата. Нормално е вените да ја насочуваат крвта кон срцето, додека во ситуација на болест на вените доаѓа до погрешен смер на движењето на крвта, односно крвта се враќа кон нозете и од таа причина вените на тој дел од телото отекуваат и се прошируваат. Бидејќи венската крв се задржува во нозете, пациентите имаат тегоби во вид на болки, грчеви, чешање...

    Поопширно

  • Ласер ги лекува проширените вени

    Ендовенски ласерски третман (ЕВЛА/EVLA) е мошне ефикасна, минимално инвазивна процедура за лекување на проширените вени. Таа е една од најсовремените методи за лекување на проширените вени, што во светската медицина се применува веќе многу години, во текот на кои се покажа како мошне ефикасна (успешноста на лекувањето е од 98% и повеќе) и непроблематична по прашање на компликации, поради што стана мошне популарна ширум светот.

    Поопширно

Проширени вени

Капилари

Третмани

БИОГРАФИЈА

Да останеме
во контакт


Искуства на пациентите

  • zenaД-р Дарио Јоциќ, пред сè, е прекрасен човек, а потоа и лекар, кој на секој пациент со својот пристап му всадува доверба. Секое добро во идната работа!

    Милена, Подгорица

  • zenaНа сите што имаат проблем јас би им препорачала да дојдат во клиниката! Персоналот е прекрасен, а д-р Јоциќ уште повеќе. Од срце ви благодарам за сè!

    Невена, Белград

  • zenaСите пофалби за д-р Јоциќ, кој ѝ го продолжи животот на мојата мама! Му ја посакувам сета среќа од овој свет!

    Љиљана, Белград

  • zenaНа овој начин би сакала само да му се заблагодарам на прекрасниот д-р Јоциќ! После ласерската операција исчезнале, пред сè, болките, а за визуелната разлика да не ни зборувам! Голем поздрав до д-р Јоциќ и до целиот тим!

    Бојана, Белград

  • muskaracЈас ги оперирав двете нозе во клиниката кај д-р Јоциќ. Тој е брилијантен човек и вистински професионалец! Сите препораки!

    Милан, Белград

  • zenaПеттиот ден од операцијата сè беше подобро отколку што очекував. И не болеше многу. Мој поздрав до д-р Дарио!

    Зорица, Белград

  • muskaracВонреден експерт и ретко добар човек. Со современите методи, на мене и мојата сопруга вените на нозете нѝ ги подмлади за дваесет години!

    Милан, Белград

  • muskaracГолем експерт. Посветен на својата работа!

    Милан, Белград

  • zenaГолем експерт и нормален човек! На мојот татко му го продолжи животот и му овозможи нормален живот. Голема благодарност и почит!

    Марина, Белград

  • muskaracМошне добар лекар и мошне добро, успешно и безболно ја изврши операцијата на вените. Благодарам!

    Мирослав, Бања Лука

Како да стигнете до нас

Од правец на автопат

Од кој било правец на автопат да доаѓате, следете го излезот Генекс – Нов Белград. Кога ќе излезете од автопат, движете се во правец на кружниот тек кај Општината Нов Белград. На кружниот тек свртете десно и на првиот семафор лево. Ординацијата се наоѓа карши ЈУ Бизнис центар во непосредна близина на хотелот Фалкенштајнер (Falkensteiner) и деловната зграда ВИГ Плаза (VIG Plaza).

Од правец на аеродром

Од правец на аеродром, преку автопат доаѓате до излезот Генекс – Нов Белград. Кога ќе излезете од автопат, движете се во правец на кружниот тек кај Општината Нов Белград. На кружниот тек свртете десно и на првиот семафор лево. Ординацијата се наоѓа карши ЈУ Бизнис центар во непосредна близина на хотелот Фалкенштајнер (Falkensteiner) и деловната зграда ВИГ Плаза (VIG Plaza). Автобуската линија која го поврзува аеродромот и овој дел на Нов Белград е 72.

Од центар на Белград

Од центар на Белград е потребно да продолжите право по симнувањето од Бранков мост. Поминувате покрај ТЦ Ушќе, Палата Србија и на семафорот кај ЈУ Бизнис свртете десно. Ординацијата се наоѓа карши ЈУ Бизнис центар, во непосредна близина на хотелот Фалкенштајнер (Falkensteiner) и деловната зграда ВИГ Плаза (VIG Plaza). Автобуските линии кои доаѓаат од центар на Белград и застануваат во непосредна близина на ординацијата се: 16, 65, 72, 75 и 77.


Центарот е основан од страна на васкуларниот хирург д-р Дарио Јоциќ по долгогодишно искуство и од желба на пациентите од овој дел на Европа да им ги овозможи сите светски, современи, минимално инвазивни методи на лекување на проширените вени.

KLINIKA VARIS


Трешњиног цвета 1в
Нов Белград, Србија

+381 11 7704757

+381 11 7704758

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ИНСТАГРАМ


drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic
drdariojocic


Website by mzlaki-logo Studio Mzlaki